Според првични груби процени на Банката, Србија претрпела директни штети од 1,5 до 2 милијарди евра, а Босна и Херцеговина од 1,3 милијарда евра.
Поплавите нанеле значителни штети во земјоделството, кое учествува со 10 проценти вод домашниот бруто-производ на Србија и шест проценти во БДП на БиХ. Очекуваните загуби во оваа сфера се стотици милиони евра.
Сериозно се погодени и производството на електрична енергија и рударството во Србија, додека поплавите нанесоа оштетувања на транспортната инфраструктура на двете земји, наведува ЕБОР.
Последиците од поплавите може дополнително да ги забават реформите во двете држави, предупредува банката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.