Новоизбраниот претседател на Украина Петро Порошенко ги повикал претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет Жозе Мануел Баросо и Херман ван Ромпуј за да го одложат потпишувањето на економското поглавје „Договор за приклучување на Украина кон ЕУ“ на неодредено време поради нестабилната ситуација во земјата, соопштиле извори од владата во Киев, пренесува Танјуг.
Според тие извори, Порошенко стравувал дека во случај Украина да го потпише договорот, Русија може да воведе рестрикции на увоз на стока од Украина што негативно би се одразило на социо-економската ситуација во земјата.
Оваа вест е изненадување за ЕУ затоа што вчера шефот на украинската дипломатија Андреј Дешчица изјави дека неговото министерство планира да одржи консултации со ЕУ за можно потпишување на преостанатиот дел од договорот за приклучување пред 27 јуни, кога беше планирано потпишувањето.
Овој трговски договор беше срцевината на политичката криза во Украина откако поранешниот претседател Виктор Јанукович во последен момент отстапи од него и побара помош од Русија од 15 милијарди евра што предизвика протести, кои резултираа со негово симнување од власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина



