| четврток, 6 декември 2018 |

Агрометеоролозите предупредуваат: Земјоделци, заштитете се од штетници

zemjodelstvotraktor2_20

Земјоделците да ја искористат секоја можност за заштита на посевите, редовно да ги прскаат особено поради најавата за вечерашниот нов бран врнежи во Македонија, велат агрометеоролозите.

Моментните услови поради високата влажност се особено погодни за развој на болести и штетници.

– За само еден до два дена може да се уништи целиот род зашто има премногу пламеница и пепелница. Тие може да направат катастрофа. Но, регистрирана е и појава на житна пијавица која тешко ќе се искорени зашто житата се веќе искласани, изјави Ангелко Ангелески од Управта за хидрометеорлошки работи.

Под ризик се, додаде, и овошките и виновата лоза.

УХМР за ноќва прогнозира обилни врнежи, локално и над 20 литри на метар квадратен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top