| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо најпрепознатлив фудбалер на планетата

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо има најголема маркетиншка вредност во светот на фудбалот, објави меѓународната компанија за истражување на пазарот „Репуком“.

Зад фудбалерот на Реал, односно на втората позиција е неговиот „лут“ ривал од Барселона Лионел Меси, додека на третата позиција рангиран е неговиот клупски соиграч Жерадр Пике.

Истражувањето е направено на примерок 1.5 милијарди луѓе, а беше спроведено во САД, Велика Британија, Франција, Германика, Кина, Индија, Шпанија, Русија, Италија, Мексико, Бразил и Аргентина.

Освојувачот на „Златната топка“ односно признанието најдобар светски фудбалер во 2013 година Роналдо, прогласен е и за најпрепознатлив фудбалер на планетата со дури 83,9 насто на луѓето кои знаат за него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top