Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо има најголема маркетиншка вредност во светот на фудбалот, објави меѓународната компанија за истражување на пазарот „Репуком“.
Зад фудбалерот на Реал, односно на втората позиција е неговиот „лут“ ривал од Барселона Лионел Меси, додека на третата позиција рангиран е неговиот клупски соиграч Жерадр Пике.
Истражувањето е направено на примерок 1.5 милијарди луѓе, а беше спроведено во САД, Велика Британија, Франција, Германика, Кина, Индија, Шпанија, Русија, Италија, Мексико, Бразил и Аргентина.
Освојувачот на „Златната топка“ односно признанието најдобар светски фудбалер во 2013 година Роналдо, прогласен е и за најпрепознатлив фудбалер на планетата со дури 83,9 насто на луѓето кои знаат за него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Необичен момент пред шутот на Роналдо: Топката се подига пред ударот (видео)
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)


