| четврток, 6 декември 2018 |

Брус Вилис објаснува зошто Русија го сака „Умри машки“

Die-Hard-5-A-Good-Day-To-Die-

Еден од омилените холивудски актери во пред прикажувањето на „Добар ден за да се умре машки“ раскажуваше за снимањата во Москва, зошто обожавателите го сакаат „Умри машки“ и за начините како тој израснал заедно со својот лик, суперхеројот Џон Меклејн.

„Добар ден за да се умре машки“ е петто продолжение од серијата „Умри

Довербата во Вилис и во неговиот акциски херој е толку голема што една руска банка го искористи за една голема рекламна кампања во Москва. Вилис од билбордите ги гледа возачите и минувачите и небаре им вели: „Земи кредит, човеку! Шизик на ризик.“

Дејството во „Добар ден за да се умре машки“ се одвива во Москва. Синот на Џон Меклејн, Џек, работи во руската престолнина под лажно име. Тој штити еден поранешен руски криминалец кој станал информатор по име Комаров, кој е подготвен да му ги отвори очите на светот во врска со кражбата на плутониум од Чернобил (руска мафија, плутониум, борба на кланови: холивудската идеја за Русија е многу малку изменета, ако воопшто може да се каже дека се изменила).

Кога Џек ќе се најде во тесно и кога неговиот живот е во опасност, постариот Меклејн излегува на сцената – а, кој друг?

-Мислам дека луѓето го сакаат Џон Меклејн зашто тој не е суперхерој. Тој не поседува некои супервештини или природни способности. Тој е обичен човек кој кога ќе се најде во екстремни ситуации, сфаќа дека мора да се бори, инаку работите нема да тргнат на подобро за него и за неговото семејство. Затоа на гледачите не им е тешко да се стават себеси на негово место, објаснува Вилис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top