Политичкото однесување на раководството на СДСМ не може да го разбере ниту еден разумен и зрел човек, не само во политичките кругови, дома и во меѓународната заедница, туку и во рамките на пошироката јавност. Очигледно е дека со сопствената деструктивност, СДСМ прави штета која може да предизвика голема штета на демократскиот развој, но и на евроинтегративните процеси во кои се наоѓа Република Македонија, смета професорката по уставно право Тања Каракамишева-Јовановска.
– Она што е уште понесфатливо е зошто во целиов овој период во кој СДСМ играа правно-политички игри, и ни ги објаснуваа нивните видувања за правно-политичката реалност во државата, кои попатно се виде дека немаат никаква допирна точка со она што вистински се случува во земјата, не се обидоа со факти, со вистински аргументи да го побијат „тоталитарниот, диктаторскиот режим на Груевски“, како што тие милуваат да го наречат, и зошто не направија ниту еден единствен чекор со кој ќе демонстрираа добра волја за доброто на земјата. Единствено што слушавме од нив е генерализирано критизерство кое искрено не прилега на партија која има дводецениско постоење на плуралната политичка сцена, вели Каракамишева –Јовановска за Курир.
Таа нагласува дека политиката не е детска игра, а уште помалку е детска играчка. Во политиката се недозволиви вакви несериозни и неодговорни чекори кои никому не му носат добро.
– А токму избраната стратегија на СДСМ со која оваа партија сака да дојде на власт по секоја цена, и нејзините деструктивни елементи на неприфаќање на изборните резултати, враќањето на мандатите, семожните критики против сопствените институции, против сопствениот народ, против државата генерално, понизното повикување на странскиот фактор во земјава за тие да им го одработат сценариото на доаѓање на власт преку мала врата, е политичко зло, опасна форма на рак која има тенденција на брзи метастази во системот, кои мора итно да бидат изолирани и ставени под контрола – вели универзитетската професотка.
Каракамишева-Јовановска додава дека во спротивност, доколку сега не се спречат ваквите тенденции, Република Македонија многу брзо ќе биде заглавена во процеси и појави каде повеќе никој нема да ја есапи волјата на граѓаните, каде изборите повеќе нема да имаат никакво значење, бидејќи буквално секоја партија повикувајќи се на воспоставениот преседан од страна на СДСМ ќе има право да се дрзнува да ја негира граѓанската волја на сметка на сопствените тесно-партиски интереси, и каде повеќе никој нема да може да воведе демократски ред и поредок согласно принципите на уставната демократија.
Според неа, дури тогаш ќе настапи вистинскиот диктаторски лик на „главните промотори за демократија и за човекови права и слободи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тања Каракамишева: Знае ли точно Камбовски колку прекршувања на Уставот и на законот за референдум се направени со фалично донесената одлука?
-
Каракамишева: Волку да не те сака народ како што не го сакаат Заев, а него буквално да не го боли уво заради тоа може да се смета за сериозна патолошка болест
-
Каракамишева: Овој Договор е најгеноцидниот документ за Македонците во поновата историја
-
Каракамишева: Не е време за пеење, ниту има причина за радување!