Милчо Манчевски пристигна во Москва во рамките на еден уникатен проект. Имено тој со своето американско кинематографско искуство и професионално образование стекнато во САД, заедно со Серускиот државен универзитет за кинематографија (СДИК), „С.А. Герасимов“ ќе работат на подготовка и реализација на краток филм.
Во првата фаза на проектот, Милчо Манчевски го сподели своето професионално искуство и одржа кастинг со студентите по актерство од класата на Националниот артист Игор Николаевич Јасулович. Милчо Манчевски за време на неговата посета на филмски институт, исто така, разговараше и со ректорот на Универзитетот – професор Владимир Сергеевич Малишев. Во текот на овој разговор разговараа и за можноста студентите на СДИК да добијат заедничка обука со професорот И.Н. Јасулович во специјално разработената програма „Работа на актерите на филмски сет“. Предавањата Милчо Манчевски ќе ги држи две недели. Реализацијата на вториот дел од проектот, кога е планирано снимањето, е планиран за април 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура