Поминаа 23 години откако единствениот трофеј од Куп на европските шампиони беше освоен од тим од поранешна Југославија. Црвена звезда во финалето во Бари го совлада Олимпик Марсеј по изведувањето на пенали. Таа генерација претводена од Љупко Петровиќ се искачи на кровот на Европа.
По 120 минути игра резултатот беше 0-0. Последениот пенал го изведе македонскиот фудбалер Дарко Панчев и со тоа ја донесе титулата во СФРЈ.
До финалето Црвена звезда ги елиминра Грасхоперс, Глазгов Ренџерс, Динамо Дрезден и Баерн Минхен. Баерн тогаш загуби на домашен терен со 2-1 и од тогаш па се до овогодинешното полуфинале против Реал, Баерн не бил поразен во Минхен.
За клубот од Белград во тоа време играше и уште еден Македонец, Илија Најдоски. Тој заедно со Миодраг Белодедиќ го сочинуваше најдобриот стоперски тандем во Европа.
Подоцна во декември истата година, Црвена Звезда стана и светски клупски шампион победувајќи го во финалето Коло Коло со 3-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


