| четврток, 6 декември 2018 |

В недела забава и пикник на Водно

зица

Со пикник, забава, планинарска и велосипедска трка в недела Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) ќе го прослави третиот роденден на жичницата „Милениумски крст“. Главниот настан е организиран на врвот на Водно и во тој контекст е именуван како „Прв до врв“. Учество може да земат сите заинтересирани граѓани од 7 до 77 години.
Појдовната точка на масовната планинарската трка за качување до врвот на Водно, а и велосипедската, е основното училиште „Kочо Рацин“ во 9 часот, информираа надлежните од ЈСП. Најдобрите ќе бидат наградени.

– Kачувањето има натпреварувачки карактер за оние што сакаат да се докажат дека своето редовно дружење со Водно резултирало со рекордно време за качување од подножјето до врвот на планината – појаснија одговорните за односи со јавност од претпријатието.
Церемонијата на доделување награди и прогласување победници ќе се одржи на пладне, при што во 12.30 часот на врвот на Водно ќе започне масовен олимписки пикник со богата забавна програма во рамките на кои ќе настапат познати диџеи и музички имиња.
Билјана Јанкуловска, шеф на кабинетот на директорот во ЈСП, изјави дека на плоштадот Македонија од вчера е поставен отворен автобус на ЈСП, од каде што учесниците ќе може да ги подигнат стартните пакети – маица и број, заклучно со сабота.
Изградбата на жичницата почна во мај 2010 година, а заврши во јуни 2011 година. Владината инвестиција чинеше 6,7 милиони евра. Изведувач беше австриската фирма „Допелмаер“, а потоа ЈСП „Турс“ ја презема под своја капа.
Возењето со жичницата за возрасни лица чини 100 денари, а за децата до 6 години и за пензионерите е бесплатно. За деца од 6 до 14 години билетот чини 50 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top