| четврток, 6 декември 2018 |

Осамените со двапати поголем ризик за смрт

stareenje

Истражувајќи го стареењето, научниците дошле до заклучок дека осаменоста сериозно може да го намали животниот век и дека оние што така се чувствуваат имаат двапати поголем ризик за смрт.

Научниците откриле дека стареењето почнува со слабеење на когнитивните функции на мозокот, што се случува меѓу 40 и 45 години.
Со години траат дискусиите за тоа што точно значи старост и кога таа настапува. Според едни научници таа почнува со застој на растот на организмот, а според други, тоа се случува со стареење на кожата.
Но, француските научници веруваат дека почетокот на стареењето почнува со слабеење на когнитивните функции на мозокот и тврдат дека тоа не се случува во 60-те години, туку меѓу 40 и 45 годишна возраст, а кај некои луѓе дури и порано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top