| четврток, 6 декември 2018 |

Поројни дождови и пониски температури од четврток

_Upload_Vesti_dozd-630x404_20138289349

Обилни врнежи, локално и над 20 литри на метар квадратен, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Дождот ќе ја зафати Македонија ноќта меѓу четврток и петок, во период од 12 часа.

Поради влијание на влажен бран од Медитеранот, времето утре и задутре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, во јужните делови проследени со грмежи.

Температурата позначително ќе опадне и во петок ќе се движи од 16 до 22 степена, а потоа ќе биде во благ пораст.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и локални врнежи дожд со послаб интензитет и ретки грмежи.

Во петок и сабота ќе дува умерен, на места повремено засилен северозападен ветер.

УХМР предупредува во случај на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top