| четврток, 6 декември 2018 |

Голем пожар изби во Еко центар во Хрватска

Во зградата на Еко центарот во Златна Греда, во близина на Паркот на природата кај Копачки рит во Хрватска, утрово изби голем пожар, кој пожарникарите сè уште не успеале да го изгаснат.

pozar eko

Огнот зафатил околу 150 метри квадратни од покривот на зградата, а потоа се проширил. Во гаснењето, кое сè уште трае, учествуваат девет пожарникарски возила и 30 пожарникари.

Веднаш е констатирано дека штетата ќе биде огромна.

Еко центарот во Златна Греда е основан од осиечкото здружение Зелен Осиек во 2003 година и во него досега се вложени околу половина милион евра, главно од европските фондови. Во него се врши мониторинг на природата и различни едукативни работилници, а зградата била во фаза на реконструкција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top