| четврток, 6 декември 2018 |

ОУ „Гоце Делчев“ доби награда за „Заштеда на енергија“

гоце
ОУ „Гоце Делчев“ на натпреварот за Светскиот ден на акција на тема „Заштеда на енергија“ освои трето место и беше единствениот учесник од Република Македонија.

Светскиот ден за заштеда на енергијата беше организиран од Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) и Здружението на граѓани ОХО, на кој учествуваа 57 земји од светот.

На натпреварот ОУ „Гоце Делчев“ учествуваше со видео за спроведени активности, и тоа: парада од маски и делење флаери, фудбалски натпревар, презентации со модели и макети за штедење енергија, како и поставување штедливи светилки во училиштето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top