Дури 20 отсто од облеката произведена во странство што ја носат Грците е „Made in Macedonia“.
Според истражувањето на Бизнис асоцијацијата на текстилни производители, на крајот од 2012 година само 23 отсто од производството е домашно, односно грчко, а останатите 77 отсто доаѓаат однадвор. Конкретно Македонија е на второто место веднаш зад Бугарија. Статистичките податоци покажуваат дека 1/5 од грчката облека што се произведува во странство доаѓа од Македонија.
На листата најголеми странски произведувачи, Бугарија е прва со 57 отсто, Македонија со 20 отсто, Албанија со 10 отсто, Турција 7 отсто и Романија 4 отсто.
Јавна тајна е во Грција дека доста често се случува купеното парче облека, на внатрешната етикета да има натпис Made in Macedonia. И во минатото и сега грчките блогери обвинуваа дека познатите модни брендови во Грција, ја признаваат соседната земја под уставното име.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција