Од први јули стартува исплатата на регресот за годишен одмор. Од една до четири илјади евра казна за работодавачите кои нема да поделат К-15.
Сопствениците на приватни компании до крајот на годинава на сметките на своите вработени треба да им префрлат најмалку 40 отсто од бруто исплатените плати во последните три месеци или околу 8 501 денари.
Според претседателот на Синдикатот договореното ќе се почитува и вели дека не се основани тврдењата на компаниите дека регресот за годишен одмор ќе им предизвика дополнителни финансиски потешкотии.
Од синдикатот најавија и кампања која ќе треба со законот за работни односи да ги запознае работодавачите и 300 те илјади работници во приватни фирми.
Исплатата на популарно наречената 13 плата им следува на сите што работат најмалку 6 месеци во една фирма, а според пресметки нето износот без платен персонален данок изнесува 8.501 денари и влегува во признаени трошоци на компанијата за плаќање на данок на добивка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.