| четврток, 6 декември 2018 |

Битолчанец ја закопал мајка си во двор

policija

Битолската полиција есхумираше тело на мртва жена во дворот на семејна куќа. Според полицијата жител на битолското село Егри минатиот месец ја закопал мајка си во дворот зад полското веце. Немал пари за да направи нормален закоп. Кога соселаните почнале да прашуваат каде е  ја пријавил за исчезната. Пред неколку дена признал во полиција дека мајка му починала и дека ја закопал во дворот.

Со обдукција е утврдено дека врз телото нема траги на насилство и починатата жена вчера беше погребана на селските гробишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top