Битолската полиција есхумираше тело на мртва жена во дворот на семејна куќа. Според полицијата жител на битолското село Егри минатиот месец ја закопал мајка си во дворот зад полското веце. Немал пари за да направи нормален закоп. Кога соселаните почнале да прашуваат каде е ја пријавил за исчезната. Пред неколку дена признал во полиција дека мајка му починала и дека ја закопал во дворот.
Со обдукција е утврдено дека врз телото нема траги на насилство и починатата жена вчера беше погребана на селските гробишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре