| четврток, 6 декември 2018 |

Трибина на „Про-за Балкан“

проза

Во рамки на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ денеска ќе се одржи трибина „Европа/Балкан – литература/инклузивност“.

Модератор е Елизабета Шелева, а ќе учествуваат гостите писатели, членовите на Скопје фелоушип програмата и на Уметничкиот совет на фестивалот.

По трибината е предвидена средба на членовите на Скопје фелоушип програмата со писатели и издавачи од Македонија.

Вечер, во книжарница „Икона“ – Скопје Сити мол, гостите автори ќе потпишуваат книги. Воедно ќе се одржи средба со гостите на Скопје фелоушип програмата.

Фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ го организира издавачката куќа „Икона“. Беше отворен синоќа во Младинскиот културен центар, а се затвора утревечер со доделување на наградата „Прозарт“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top