| четврток, 6 декември 2018 |

Обама му честиташе на Порошенко

obama-immigration-1

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама лично во телефонски разговор му честитал на украинскиот милијардер Петр Порошенко, кого го нарекуваат „кралот на чоколадата” поради неговата кондиторска компанија „Рошен”, и му ја понудил „целосната поддршка на САД во настојувањата да ја обедини земјата и да се сврти кон иднината”, пренесува Reuters. Двајцата челници се договориле дека ќе ги продолжат разговорите во текот на европската турнеја на Обама следната седмица, се наведува во цитираното соопштение.

Генералниот секретар на ОБ, Бан Ки-Мун смета дека киевските власти треба да користат исклучиво мирни средства во настојувањата да ја поврати контролата врз истокот на земјата, изјави во седиштето на светската организација во Њујорк неговиот портпарол Стефан Дужарик.

– Генералниот секретар е вознемирен од продолжувањето на насилството. Тој повика враќањето на контролата врз владините објекти исклучиво преку мирољубиви средства и сеопфатен политички дијалог – рекол Дужарик, пренесува AFP.

Реакцијата на Бан следи откако во понеделникот украинските воени сили, кои во истокот на земјата спроведуваат од средината на април ткн „антитерористичка операција” без позначаен успех против проруските ткн народни милиции на самоодбраната, во Донецк употребија борбени хеликоптери и авиони.

Во координираното воздушно и копнено бомбардирање крај меѓународниот аеродром кај Донецк и кај железничката станица во градот, според претставниците на самопрогласената Донецка народна република загинале околу 50 припадници на милицијата кои биле ранети и пренесувани со камиони на кои биле истакнати ознаки дека се работи за санитетски возила. Исто така, околу 50-ина жртви има и меѓу цивилите во самиот град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top