| четврток, 6 декември 2018 |

Лима со ќерките побегна од Марко Јариќ

лима

Штом чула дека нејзиниот сопруг, српскиот кошаркар Марко Јариќ доаѓа во Мајами, бразилската манекенка Адријана Лима ги спакувала своите куфери и со своите две ќерки Сиена и Валентина отпатувала на друга локација, пренесуваат српските медиуми.

Манекенката деновиве престојувала во Мајами со двете ќерки, а нејзиниот се уште законски сопруг кога дознал каде се наоѓа веднаш се упатил на Флорида но бразилската моделка ненадејно отпатувала на друга локација.

Лима на Инстаграм објави фотографија од аеродромот како си заминува со ќерките и со тоа јасно дала на знаење дека таа се уште не се видела со својот сопруг со кој се разведуваат, и дека нивното помирување за кое се пишуваше деновите е под знак прашање

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top