| четврток, 6 декември 2018 |

По поплавите, расте трендот на имотно осигурување

 Osiguruvanje

Само пет проценти од домаќинствата во Македонија го осигуруваат имотот од природни катастрофи. Поројните дождови и поплави кај соседите го вклучија алармот. Статистиката на штети драстично се зголеми, трендот на осигурување расте. Граѓаните  бараат чаре, поука случувањата на терен, анализира МТВ.

-70 насто од имотот со осигурување може да се надокнади, јас се осигурувам и нема потреба да размислувам, замисли сте работеле долги години, а може наеднаш да се изгуби – велат граѓаните.

Сеуште мал број граѓани доброволно одлучуваат да го заштитат она што макотрпно со години го создавале. Компаниите тврдат цената е минимална, а осигурувањето заштитува од големи загуби. Граѓаните се свесни за ризиците, се уште проблем е финансискиот момент и размислувањето дека, државата ќе ги подмири штетите од природните катастрофи.

Не чини повеќе од две до три илјади денари годишно за просечен стан, а тука се основни ризици, а може да се договори осигурување од земјотреси, од полава – вели  Дарко Атанасовски, помошник директор во Еуролинк.

На пазарот, доминираат задолжителните осигурувања, имотните само во мал процент учествуваат во структурата. Од агенцијата за супервизија посочуваат, од 11 компании  само четири нудат продукти со ризик од потешки природни катастрофи, а цените се уште се високи.

 –Вкупно во 2013- тата се продадени 48.800 полиси, од нив само 664 полиси вклучуваат ризик од полави што покажува дека населението не е доволно запознаено со овие продукти – посочува Климе Поповски, Директор на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Раздвижување се очекува со новиот систем на Европа Ре за осигурување од ризици од природни катастрофи и временски непогоди. Светската банка предупреди, Македонија може да се соочи со економски штети тешки три милијарди евра ако се соочи со природни катастрофи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top