| четврток, 6 декември 2018 |

Rock’n Pop the Borders – уште 15 дена за пријавување

amo-el-rock-and-popПреостануваат само уште 15 до крајниот рок за пријавување на Рок и Поп музичари од Македонија и Бугарија за избор на најдобра демо композиција. Натпреварот се организира во рамки на проектот  Rock’n Pop the Borders. Право на учество имаат сите млади бендови и соло изведувачи од Македонија и Бугарија на возраст од 13 – 25 години. Пријавувањето се врши со регистрирање на www.rocknpoptheborders.com најдоцна до полноќ на 12 јуни 2014 година

По ова ќе следи период на гласање на публиката кој ќе трае од 16 јуни до 16 јули 2014 година.  Најдобрите 10 песни, кои според публиката ќе влезат во потесен круг, ќе бидат изведени во живо на концерт во Дупница, Р.Бугарија на 9 август 2014г. Таму пак четири члена жири комисија од Македонија и Бугарија ќе ги избере најдобрите три песни кои ќе бидат наградени. По концертот во Дупница, Р.Бугарија, најдобрите 10 песни ќе бидат изведени во живо и на Rock’n Pop Awareness концерт во Куманово на почетокот на септември 2014.

Rock’n Pop the Borders е заеднички проект на здруженијата „Регионален центар за одржлив развој“ Кратово и „Партнери – Дупница” од Дупница, Бугарија. Проектот финасиски е поддржан од Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Македонија. Периодот на спроведување на проектот е од 19 декември 2013 до 18 декември 2014. Вкупниот буџет на проектот изнесува 82 119.49€.

Главна проектна цел на прокетот е да се искористат досега неискористените културни ресурси од прекуграничниот регион преку заеднички развој и управување на одржлив формат за креативен прв настап, размена на идеи и натпревар помеѓу младите автори на рок и поп музика од прекуграничниот регион и програмските земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top