Вечерва во Струмица во НУЦК „Антон Панов“ почнува 10. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ (19,30 часот).
На отворањето ќе му биде доделена наградата „Астер“ за високи достигнувања во европскиот и во светскиот филм на режисерот Борис Геретс, кој е меѓународно признаен автор на документарни филмови и докажан визуелен уметник и монтажер. Вечерва на „Астерфест“ ќе ѝ биде доделено и специјалното признание за високи достигнувања во филмската и драмската уметност на актерката Љупка Џундева.
Премиерно ќе биде прикажан и краткиот игран филм „Хелиум“ на Андерс Валтер, кој годинава го доби „оскарот“ за краток филм. Жирито што ќе ги оценува филмовите во конкуренција е составено од Биргит Стаубер, Желимир Гвардиол и Стефан Шашков. Фестивалот ќе се одржува под мотото „Ново и старо“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.