Најверојатна причина за исчезнувањето на малезискиот патнички авион „боинг 777“ е снемување гориво, по што авионот паднал во Индиски Океан, изјави денеска стручњак од австралиската агенција за транспортна безбедност по анализата на сателитските податоци, објавени во извештај на малезиските власти, пренесува ИТАР-ТАСС.
Според податоците пристигнувањето на редовни звучни сигнали од авионот до сателит станале нередовни пред конечното целосно губење на врската со авионот. Според тоа, стручњаците сметаат дека електронскиот систем на „боингот“ на неколку пати откажувал поради недостиг од гориво.
Освен тоа, австралиските стручњаци наведуваат дека зоната на потрага на авионот во Индиски Океан се вкрстува со единствената маршрута во регионот, што ги врзува австралиското пристаниште Перт со Кокосови Острови. Според стручњаците, постои можност авионот да се движел на автопилот, а екипажт да бил во несвест.
На 8 март патничкиот авион „боинг 777“-200 на малезиската авиокомпанија со 227 патници на летот од Куала Лумпур до Пекинг ненадејно исчезна од радарите. Досегашните обиди за негово пронаоѓање се безуспешни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.