| четврток, 6 декември 2018 |

Оскаровецот Лука Бигаци – добитник на „Златна камера 300“ на „Браќа Манаки 2014“

Бигаци со филмот „Големата убавина“ освои „Оскар“ во категоријата најдобар филм од неанглиско јазично подрачје, победи во истоимената категорија на БАФТА и освои „Златент глобус“

манаки постер

Италијанецот Лука Бигаци е годинашниот добитник на специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност на годинашното, јубилејно 35. издание на меѓународнскиот филмски фестивал „Браќа Манаки“, кој ќе се одржи од 13 до 19 септември.

Бигаци со филмот „Големата убавина“ освои „Оскар“ во категоријата најдобар филм од неанглиско јазично подрачје, победи во истоимената категорија на БАФТА и доби „Златен глобус“.

лука бигаци

Лука Бигаци

– Бигаци е добитник што е достоен на годинашниот јубилеј. Трите децении кариера го прават водечки светски директор на фотографија. За нас е особено важно што „Браќа Манаки“ на своевиден начин беше меѓу првите фестивали што го откри талентот на Бигаци, уште во далечната 1997 година, со неговиот прв филм во официјалната програма на 18. издание. Оттогаш неговите филмови впишаа сè на сè пет учества и понесоа две од наградите во Битола. Третиот пат конечно доаѓа лично да си ја земе големата специјална „Златна камера 300“ на браќата Манаки – рече Лабина Митевска, директорката на ИФФК.
Бигаци е роден 1958 година во Милано и спаѓа меѓу најактивните и најбарани сниматели од страна на италијанските режисери. За тоа говорат освоените 20 врвни италијански и светски награди, како и дваесетината номинации.
Годнашен слоган на фестивалот е „Кон ѕвездите“, а фестивалот целосно ќе биде во знакот на годинашниот јубилеј.

лабина1
– Идејата за слоганот дојде од фактот што во изминатите години донесовме голем број сјајни имиња од светот на филмот: сниматели, актери, режисери, сценаристи, така што публиката веќе самата го асоцира фестивалот со ѕвезденото небо на уметноста. Ние продолжуваме да им оддаваме почит на големите имиња, на величините, мечтаејќи дека еден ден ќе стигнеме до најдалечните ѕвезди – додаде Лабина Митевска.
„Браќа Манаки“ веќе петта година успешно соработува со компанијата „Вип“, што особено се огледува во „Вип детската програма“, која од година во година поттикнува сè поголем интерес меѓу најмладите битолчани, почнувајќи многубројни дополнителни настани и програмски активности.
– Одбележувајќи го јубилејното, 35. издание, на најреномираниот филмски фестивал во Македонија, годинава одбележуваме и уште еден мини-јубилеј, а тоа е петтата година од нашато заедничко филмско патување. Чест ни е што веќе пет години по ред сме дел од создавањето на трајните вредности, што се впишуваме во историјата на поддржувачите на уметноста и сме дел од „ѕвезденото небо“ на меѓународната филмска сцена. И оваа година, на наше огромно задоволство, продолжуваме со „Вип детската програма“ и со многубројните работилници, чијшто обем и квалитет секоја година се зголемува и нуди единствени креативни содржини за најмладите – изјави Никола Љушев, главен извршен директор на опретаторот „Вип“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top