| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановци се степале, завршиле во болница

tepacka-8e53dede
Двајца кумановци се повредени по расправија која прераснала во тепачка вчера во 15.50 часот во Озиром, атар на селото Шуплин Камен, Кумановско, соопшти полицијата.

Прво настанала вербална расправија, а подоцна и тепачка помеѓу М.Ј. и И.П. од Куманово. Од тепачката двајцата се здобиле со повреди по што со екипа на Брза помош биле пренесени во Општата болница во Куманово, од каде М.Ј. поради сериозноста на повредите е пренесен на одделението КАРИЛ во Скопје, а И.П. е задржан во болницата во Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top