| четврток, 6 декември 2018 |

Кумровец: Југоносталгичарите со вино и со партизански песни го прославија Денот на младоста

И оваа година во Кумровец беше прославен роденденот на Јосип Броз Тито.

Zagreb, 26.05.2012 - Odrzavanje manifestacije pod nazivom Dan mladosti kojom se slavi 120 godina rodjenja Josipa Broza Tita

Со насмевки,  алкохол, многу храна, југоносталгичарите за поранешната држава и деца во маици со слика на Тито и оваа година го одбележаа големиот собир во Кумровец.

kumrov

Според некои процени, околу 10.000 посетители, а според други околу 5.000 посетители се собраа и го прославија 122. роденден на Јосип Броз – Тито. Прегрнати под знамињата на поранешните социјалистички републики на федерацијата од утринските часови танцуваа, пееја, јадеа и пиеја.

Во центарот на прославата, веднаш под родното место и споменик на Јосип Броз – Тито се менуваа говорниците, повеќе или помалку константни имиња што говореле и на претходните состаноци, зборуваа за прекрасните моменти од ’45 до ’90 година.

Zagreb, 26.05.2012 - Odrzavanje manifestacije pod nazivom Dan mladosti kojom se slavi 120 godina rodjenja Josipa Broza Tita

И оваа година на прославата најбројни беа Словенците, со оглед на тоа дека Кумровец се наоѓа веднаш до словенечката граница.

-Ние сме тука утрово меѓу првите и ќе останеме меѓу последните, вели еден „пионер“ легнат во сенката меѓу пријателите од Словенска Бистрица. Денес сите се облечени во пионерски униформи, а со себе имаат понесено вино и печено месо.
Штом заврши официјалниот дел од прославата побаравме одмор под сенка и се дадовме на работа.

Zagreb, 26.05.2012 - Odrzavanje manifestacije pod nazivom Dan mladosti kojom se slavi 120 godina rodjenja Josipa Broza Tita

Од истакнатите луѓе во Кумровац беа Давор Бернардиц, Милорад Пуповац.

– Минатата година имало повеќе луѓе, но и сега беше весело – вели Харис А. од Бихаќ. И тој дојде со автобус во раните утрински часови. Вели дека на прославата ќе дојдат и в година. Неколку мотоклубови од Словенија, Хрватска и од БиХ ги паркираа своите мотоцикли по должината на патот спроти куќата на Тито.

kumr

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top