Претпладнево силно невреме го зафати главниот град на Хрватска, Загреб. Слично како во Скопје, денот почнал сончево, но потоа следувала драстична промена на временските услови, силен дожд и ветер и грмотевици.
Искршени се повеќе дрвја, а на одредени места паѓал и град со големина на лешник. За неколку минути дождот поплавил повеќе улици, заради што сообраќајот се одвивал отежнато.
Според најавите на хрватските метеоролози, уште еден бран на невреме се очекува во текот на попладневните часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.