| четврток, 6 декември 2018 |

Триесет тони сок од „Прилепска пиварница“ за населението погодено од поплавите

„Прилепска пиварница“ се вклучи во хуманитарната акција за помош на населението во Србија и во Босна и Херцеговина.

Следејќи ги препораките дека храната е најпотребната донација во моментов, шлепери со 30 тони сок од „Прилепска пиварница“ преку Црвениот крст на Република Македонија се упатија кон поплавените подрачја.

– Кога станува збор за катастрофа од вакви размери и толку голема трагедија што се случува блиску до нас, апели за помош не се потребни. Во вакви моменти човечката димензија треба да преовладува и секој поединец или колектив, кој колку може, треба да помогне. Се надеваме дека со донацијата од 30 тони сок, ќе придонесеме барем малку да помогнеме за населението во Србија и во Босна и Херцеговина. Како компанија наш приоритет секогаш ќе биде да помогнеме онаму каде што е потребно – велат од „Прилепска пиварница“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top