| четврток, 6 декември 2018 |

Градинката „Кочо Рацин“ кај Универзална сала поплавена, децата дома во следните 10 дена

decinja-gradinki

Во следните десетина дена децата што се згрижени во објектот „Наум Наумовски – Борче“ на градинката
„Кочо Рацин“ нема да одат во градинка бидејќи е поплавена од синоќешното невреме. Објектот се наоѓа зад Универзалната сала.

Поплавени се подрумот и кујната, како и две простории во кои престојуваат деца. Прокапал и покривот.

Вода навлезе и во бараките на Општина Центар. Вработените се ангажирале да ги заштитат канцелариите и инвертарот и проценуваат дека штетата не е голема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top