| четврток, 6 декември 2018 |

Воена состојба во самопрогласената Донецка народна република

Самопрогласената Донецка народна република воведува воена состојба, изјави Денис Пушилин, шеф на Врховниот совет на републиката.

– Во Донецка народна република се воведува воена состојба. Главна цел е да се исчисти територијата на републиката од украински воени единици – изјави Пушилин за ИТАР-ТАСС.

Пушилин ја отфрли намерата на Петро Порошенко, лидерот на претседателските избори во Украина, да го посети регионот Донбас.

– Посетата не е соодветна, бидејќи народот на Донецка народна република е против претставените кандидати. Никој од нив не ги осуди криминалните акции на киевските власти, поради кои се уште умираат цивили. Никој од нив не ги осуди случувањата во Одеса. За што да зборуваме – истакна лидерот на самопрогласената република.

Дијалогот меѓу Донецката народна република и властите во Киев е можен само со посредници, истакна Пушилин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top