Вчера наутро на Козјак е исчезнат риболовец на потегот од брана до Гургурница. Синот и другаротго барале на телефон, а последен пат се слушнале пред да тргне од браната. По извесно време, кога увиделе дека сè уште го нема, пак го барале на телефон, но бил недостапен. Тргнале да го бараат со нивниот чамец, само му го нашле чамецот кај колибата пред Гургурница насукан во гранки.
Ако некој вчера на Козјак го видел или има некакви информации нека се јави. Риболовецот бил со голем црн чамец „маестрал“. Утрово ќе се бара со чамци на потегот од брана до Гургурница. Ако има некој информација што може да помогне, нека се јави кај Владо на 076/448-254.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


