| четврток, 6 декември 2018 |

Кличко победи во трката за градоначалник

klicko

Украинскиот боксерски шампион Виталиј Кличко победи на изборите за градоначалник на Киев, соопшти денес, веројатно новиот претседател на Украина Петро Порошенко.

– Можам да кажам со сигурност дека, според нашите информации, Виталиј Кличко ќе биде новиот градоначалник на Киев – рекол Порошенко , пренесува агенцијата АФП .

Милијардерот Порошенко му честиташе на Кличко на прес-конференцијата на која беше и украинскиот боксерски шампион.

Кличко, боксер од тешка категорија, кој стана херој на опозицијата, се повлече од трката за претседател на Украина за да го поддржи Порошенко.

Изборите за градоначалник беа одржани во неколку украински градови заедно со претседателските избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top