| четврток, 6 декември 2018 |

Со враќањето на Ибака се врати и Оклахома

Синоќа во Оклахома е одигран третиот натпревар од финалето на западната конференција во плејофот на НБА, а Тандер со резултат 106-97 го победи Сан Антонио и намали на 2-1 во серијата.

На паркетот се врати Серж Ибака и даде голем придонес во победата на Тандер.

Расел Вестбрук постигна 26 поени проследени со осум скока и со седум асистенции, Кевин Дурант постигна 25 поени и имаше 10 скока, додека Ибака натпреварот го заврши со 15 поени, седум скока и 4 блокади.

Најефикасен играч на Спарс беше Ману Џинобили со 23 поени, Тим Данкан додаде 16, додека Леонард постигна 10 поени.

Спарс во серијата против Тандер сега водат со 2-1, а следниот натпревар се игра повторно во Оклахома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top