| четврток, 6 декември 2018 |

„Фејс­бук“ – дру­ги­от во ме­не

Има одре­ден дел од на­се­ле­ни­е­то што не ја ко­ри­сти оваа со­ци­јал­на мре­жа ка­ко ала­тка и тоа и ме­ѓу ин­те­ле­кту­ал­ци­те и ме­ѓу биз­нис­ме­ни­те. Има и та­кви што дол­го вре­ме актив­но го ко­ри­стат „Фејс­бук“, но, спо­ред нив, поч­ну­ва да им ста­ну­ва на­пор и пла­ни­ра­ат да се трг­нат од не­го. Па, дел од нив се се­лат на дру­га­та со­ци­јал­на мре­жа „Тви­тер“

hitportal-fejsbuk2

Ко­ста е че­ти­ри­ес­тго­ди­шен ма­шин­ски ин­же­нер, вра­бо­тен во стран­ска ком­па­ни­ја во Ма­ке­до­ни­ја. Актив­но го сле­ди по­ли­тич­ки­от и со­ци­јал­ни­от жи­вот во сво­ја­та та­тко­ви­на, слу­ша му­зи­ка на ин­тер­нет, игра игри ко­га е сло­бо­ден и ко­га са­ка да се ре­ла­кси­ра. По­сто­ја­но пре­ба­ру­ва на ин­тер­нет, по­себ­но за струч­ни ра­бо­ти што го ин­те­ре­си­ра­ат од не­го­ва­та бран­ша. Не­ма про­фил на со­ци­јал­на­та мре­жа „Фејс­бук“ и не го сме­та тоа за хен­ди­кеп.

– Не ми е ин­те­рес­но да знам за дру­ги­те и не ме ин­те­ре­си­ра. Не­мам вре­ме за „Фејс­бук“. Ако имам про­фил, мис­лам де­ка тоа ќе ми од­зе­ме мно­гу вре­ме и енер­ги­ја, ко­ја мо­же да ја по­тро­шам на друг на­чин. Да се дру­жам со де­ца­та, на при­мер. Искре­но, ми се чи­ни не­при­стој­но да ѕир­кам во туѓ жи­вот. За не­кој со кој не мо­жам да се ви­дам во жи­во, не­при­јат­но ми е од са­ми­от се­бе да го ви­дам на „Фејс­бук“ – ве­ли Ко­ста, за ко­го, очиг­лед­но, оваа со­ци­јал­на мре­жа ап­со­лут­но не е прив­леч­на за дру­же­ње. Тој оста­ну­ва од тие од „стар ков“, кои прет­по­чи­та­ат да се дру­жат во жи­во.

Во мо­мен­тов во Ма­ке­до­ни­ја има по­ве­ќе од еден ми­ли­он ко­рис­ни­ци на „Фејс­бук“. Точ­на­та број­ка е 1.001.140 ко­рис­ни­ци и со тоа на­ша­та др­жа­ва се на­о­ѓа на 83. ме­сто на свет­ска­та ранг-ли­ста на зем­ји што ја ко­ри­стат оваа со­ци­јал­на мре­жа.

Гор­да­на На­стев­ска е но­ви­нар­ка во „Теа мо­дер­на“. Со­ци­јал­на­та мре­жа „Фејс­бук“ ја ко­ри­сти од 2008 го­ди­на, но е по­а­ктив­на од 2009 го­ди­на. Во еден пер­и­од го де­а­кти­ви­ра­ше про­фи­лот.

gordana nastevska

– Поч­нав да ко­ри­стам „Фејс­бук“ од љу­бо­пит­ност. Пр­ва­та го­ди­на по­ве­ќе не бев та­му, откол­ку што бев, но по­тоа по­ве­ќе бев та­му, откол­ку на кое би­ло дру­го ме­сто. Ја иску­су­вав таа фа­за на спо­де­лу­ва­ње му­зи­ка, фил­мо­ви, раз­мис­лу­ва­ња со вир­ту­ел­ни­те при­ја­те­ли, со акти­вен чет. И ве­ќе по две го­ди­ни тоа ми ста­на тол­ку на­пор­но и бес­мис­ле­но. Не мо­жев да го при­фа­там фа­ктот што „Фејс­бук“ тол­ку ми го об­зе­де вни­ма­ни­е­то и вре­ме­то. За­гу­бе­ни ча­со­ви во ни­што. Бу­квал­но. И го де­а­кти­ви­рав. Уште ед­на при­чи­на што го де­а­кти­ви­рав е тоа што та­му има­ше, ка­ко што јас ги на­ре­ку­вам, „на­трап­ни­ци“, кои ед­вај че­ка­ат да на­пи­шеш не­кој став ка­ко ста­тус за да ти се на­фр­лат. Не по­чи­ту­вам лу­ѓе што не ги по­чи­ту­ва­ат ту­ѓи­те ста­во­ви. Ми­ру­вав ре­чи­си ед­на го­ди­на, ко­га вре­ме­то на ин­тер­нет го по­ми­ну­вав во „пре­ли­сту­ва­ње“ мно­гу по­ква­ли­тет­ни со­др­жи­ни. „Фејс­бу­кот“ де­нес за ме­не е са­мо ала­тка за из­вр­шу­ва­ње на про­фе­си­о­нал­ни­те за­да­чи. Се­ко­ја ала­тка е ко­рис­на ако се ко­ри­сти му­дро. По­ве­ќе го ко­ри­стам служ­бе­но, откол­ку при­ват­но – ве­ли На­стев­ска.

Таа има и апел до ро­ди­те­ли­те, кои на сво­и­те про­фи­ли ста­ва­ат фо­то­гра­фии од де­ца­та. Ја раз­би­ра љу­бо­вта на ро­ди­те­ли­те кон сво­и­те де­ца и жел­ба­та да ги по­ка­жат сво­и­те сон­ца, но неј­зи­ни­от апел е ро­ди­тел­ски.

– Има мож­но­сти што ну­дат за­шти­та на фо­то­гра­фи­и­те од си­те при­ја­те­ли на „Фејс­бук“, па мо­же да си ја иско­ри­стат, да ги гле­да­ат фо­то­гра­фи­и­те са­мо на бли­ски­те род­ни­ни во ту­ѓи­на или на бли­ски при­ја­те­ли. Во учи­ли­шта­та ве­ќе оди кам­па­ња за за­шти­та на де­ца­та од ма­ни­ја­ци­те на „Фејс­бук“ и од пе­до­фи­ли­те и таа не­ма да би­де ус­пеш­на ако са­ми­те ро­ди­те­ли ги из­ло­жу­ва­ат сво­и­те де­ца на пог­ле­ди­те на се­ка­кви бол­ни умо­ви, со рас­тро­е­ни фан­та­зии – сме­та На­стев­ска, мај­ка на две де­ца.

Нав­ле­гу­ва­ње­то на „Фејс­бук“ во Ма­ке­до­ни­ја е 48,58 про­цен­ти, што зна­чи де­ка бро­јот на отво­ре­ни про­фи­ли во Ма­ке­до­ни­ја е бли­зок до ед­на по­ло­ви­на од бро­јот на на­се­ле­ни­е­то, што не е слу­чај во пра­кти­ка за­тоа што че­сто не­кои ко­рис­ни­ци има­ат и по два или по­ве­ќе про­фи­ли. Иа­ко тоа е спро­тив­но на пра­ви­ла­та на ком­па­ни­ја­та, свои про­фи­ли на „Фејс­бук“ отво­ра­ат и прав­ни ли­ца. Спо­ред истра­жу­ва­ње­то на спе­ци­ја­ли­зи­ра­ни­те аген­ции, ду­ри 93,91 про­цен­ти од лу­ѓе­то што ко­ри­стат ин­тер­нет во Ма­ке­до­ни­ја, има­ат свој про­фил на „Фејс­бујк“. Са­мо во пос­лед­ни­ве шест ме­се­ци бро­јот на ко­рис­ни­ци на оваа со­ци­јал­на мре­жа по­рас­нал за 62.640 или за ре­чи­си три про­цен­ти од вкуп­ни­от број на на­се­ле­ни­е­то.

Но, се­пак, има одре­ден дел од на­се­ле­ни­е­то што не го ко­ри­сти „Фејс­бук“ ка­ко ала­тка и тоа и ме­ѓу ин­те­ле­кту­ал­ци­те и ме­ѓу биз­нис­ме­ни­те. Има и та­кви што дол­го вре­ме актив­но го ко­ри­стат, но, спо­ред нив, поч­ну­ва да им ста­ну­ва на­пор и пла­ни­ра­ат да се трг­нат од не­го. Па, дел од ко­рис­ни­ци­те на „Фејс­бук“ се се­лат на дру­га­та со­ци­јал­на мре­жа „Тви­тер“.

Бог­дан Или­ев­ски ака Бет­мен ве­лит е еден од тие лу­ѓе на „Фејс­бук“ што ви го раз­у­ба­ву­ва­ат де­нот. Лу­ци­ден со ко­мен­та­ри­те, до­сет­лив, ин­те­ре­сен, ин­те­ли­ген­тен, ед­но­став­но ужи­ва­ње е да го чи­таш. Тој сме­та де­ка си­те се­ри­оз­ни ком­па­нии во све­тот има­ат свои про­фи­ли не са­мо на „Линк­дин“, ту­ку и на „Фејс­бук“ и на „Тви­тер“.

betmen velit

– Нор­мал­но е да одат на мре­жи на кои има­те по ми­ли­јар­да ко­рис­ни­ци, зо­што да не одат? Па се­кое те­ра­ње ина­ет на оваа те­ма го сме­там ка­ко бе­ни­ген ту­мор на пар­че од его­то, от­пор пред не­из­беж­но­то. Ко­му му е уба­во над­вор од вир­ту­ел­ни­от па­зар, не­ка се­ди та­му. А, за ин­те­ле­кту­ал­ци­те што не­ма­ат про­фил на „Фејс­бук“ не мис­лам ни­што ло­шо. Мо­и­те ро­ди­те­ли не­ма­ат про­фил на „Фејс­бук“, па бе­скрај­но ги са­кам. Со­ци­јал­ни­те мре­жи се ала­тка, не на­суш­на по­тре­ба, па се­ко­ја ин­ди­ви­дуа не­ка си ги ко­ри­сти по ќеф. „Фејс­бук“, „Тви­тер“ и дру­ги­те со­ци­јал­ни мре­жи што по­сто­јат во мо­мен­тов или што се сѐ уште во мо­зо­че­то на не­кој нов Цу­кер­берг што ра­бо­ти на сво­јот сон, се исти ка­ко и се­ко­ја ра­бо­та што па­ѓа во ра­це­те на лу­ѓе­то. Авто­мо­би­лот е ко­ри­сен, но мо­же да би­де и фа­та­лен за вас или за не­кој друг, ако не зна­е­те да го упра­ву­ва­те. Исто­то ва­жи и за пег­ла­та. Со­ци­јал­ни­те мре­жи се од­лич­ни и за за­ба­ва и за ин­фор­ми­ра­ње „од пр­ва ра­ка“, осо­бе­но што овоз­мо­жу­ва­ат нов ас­пект на ко­му­ни­ка­ци­ја­та, про­ди­ра­ње до пер­со­нал­ни зо­ни, се­ко­гаш ин­те­рес­ни, кои во фор­мал­на­та ко­му­ни­ка­ци­ја не се во­о­би­ча­е­ни – из­ја­ви Бет­мен ве­лит.

Спо­ред не­го, не­ма пра­вил­но или не­пра­вил­но ко­ри­сте­ње на „Фејс­бук“.

– И Опен­хај­мер и Скло­дов­ска – Ки­ри и Тес­ла и Ајн­штајн не­ма­ле „Фејс­бук“. Исто­то ва­жи и за Чарлс Мен­сон или за Џек Ме­во­сек. Ова е слич­но на пра­ша­ње­то „Да­ли тие што има­ат шпо­рет пра­вил­но го ко­ри­стат“ – со вок-та­ви, го­твеј­ќи бро­ку­ли и кар­фи­ол, или гол­та­ат пр­же­ни кол­ба­си и пом­фрит. Пра­ша­ње на вкус и на по­тре­ба. Пра­вил­но е сѐ што те пра­ви сре­ќен и е во рам­ки­те на по­зи­тив­ни­те за­кон­ски про­пи­си на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја – до­да­ва Бет­мен ве­лит.

Спо­ред пси­хо­ло­зи­те, раз­лич­ни се при­чи­ни­те по­ра­ди кои ин­те­ле­кту­ал­ци, лич­но­сти од де­лов­ни­от се­ктор, па и поз­на­ти јав­ни ли­ца не се вклу­че­ни во со­ци­јал­ни­те мре­жи.

–  Не­кои од овие лич­но­сти не се за­ин­те­ре­си­ра­ни и не­ма­ат по­тре­ба за овој вид со­ци­јал­но дру­же­ње  ток­му по­ра­ди тоа што се ди­рект­но, ин­тен­зив­но  вклу­че­ни во  раз­но­вид­ни зна­чај­ни со­ци­јал­ни слу­чу­ва­ња. Вклу­чу­ва­ње­то на со­ци­јал­ни­те мре­жи би ба­рал од нив по­го­лем ан­гаж­ман, а со тоа и по­ве­ќе сло­бод­но вре­ме по­тро­ше­но за ова актив­ност. Ед­на дру­га гру­па од овие лич­но­сти не е за­ин­те­ре­си­ра­на да го сле­ди бр­зи­от на­пре­док на тех­но­ло­ги­ја­та и не е прем­но­гу за­ин­те­ре­си­ра­на за уче­ње и за здо­би­ва­ње ве­шти­ни за вклу­чу­ва­ње во со­ци­јал­ни­те мре­жи. Та­кви­те лич­но­сти нај­че­сто се  мно­гу по­ве­ќе за­ин­те­ре­си­ра­ни за ди­рект­ни, лич­ни ко­му­ни­ка­ции, откол­ку за ко­му­ни­ка­ци­ја со по­средс­тво на раз­но­вид­ни тех­нич­ки по­ма­га­ла – ве­ли На­тка Па­чо­ска, кли­нич­ки пси­хо­лог, пси­хо­те­ра­певт во Ин­сти­ту­тот за брак и за се­мејс­тво и за си­стем­ска пра­кти­ка „Ал­тер­на­ти­ва“.

Таа до­да­ва де­ка не­кои од овие поз­на­ти лич­но­сти  не се вклу­чу­ва­ат на со­ци­јал­ни­те мре­жи би­деј­ќи са­ка­ат да ја за­чу­ва­ат сво­ја­та при­ват­ност и при­ват­но­ста на сво­е­то се­мејс­тво по­да­ле­ку од очи­те на ши­ро­ка­та јав­ност. Не­кои од овие лич­но­сти, пак, се вклу­чу­ва­ат во со­ци­јал­ни­те мре­жи, но се до­стап­ни са­мо за одре­де­на гру­па при­ја­те­ли и мно­гу мал­ку по­да­то­ци за нив се до­стап­ни пред по­ши­ро­ка­та јав­ност. Тоа  нај­че­сто го пра­ват за да обез­бе­дат по­го­ле­ма при­ват­ност во со­ци­јал­на­та ко­му­ни­ка­ци­ја со одре­де­на гру­па при­ја­те­ли.

fejsbuk

– Би­деј­ќи нај­че­сто овие се поз­на­ти лич­но­сти во јав­но­ста, дел од нив­ни­от при­ва­тен жи­вот ѝ е поз­нат на по­ши­ро­ка­та јав­ност. Ток­му тоа ги ис­пра­ва пред се­ри­оз­на од­го­вор­ност, во смис­ла на вло­жен ан­гаж­ман и одр­жу­ва­ње по­зи­тив­на сли­ка за се­бе, на мо­ра­лен, ин­те­ле­кту­а­лен, про­фе­си­о­на­лен, се­ме­ен и на со­ци­ја­лен  план. Вклу­чу­ва­ње­то на со­ци­јал­ни­те мре­жи во ва­кви­те си­ту­а­ции за не­кои од нив би бил до­пол­ни­те­лен ан­гаж­ман и по­го­ле­ма од­го­вор­ност за за­чу­ву­ва­ње на из­гра­де­на­та сли­ка за нив – ве­ли пси­хо­ло­гот Па­чо­ска.

Пи­шу­ва Але­ксан­дра Маз­не­ва-Бун­да­лев­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top