Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи третата седница на која на дневен ред е предлог-одлука за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието на Република Македонија.
Со предлог-одлуката поднесена од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, се предлага Собранието да има тројца потпретседатели.
Бројот на потпретседатели го утврдува Собранието на Република Македонија по предлог на претседателот на Собранието, а кои се изибраат од редот на пратениците што припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието.
Во новиот пратенички состав коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник, ДУИ 19, ДПА 7, ГРОМ 1 и НДП 1. СДСМ освои 34 пратенички места но реши да не учествува во работата на Собранието.
На дневен ред се и предлог-одлуките за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија, за основање делегации, пратенички групи и други облици на остварување на меѓународната соработка на Собранието на Република Македонија и за објавување оглас за избор на членови на Комисијата за верификација на фактите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.