Македонските карикатуристи Блаже Докуле, Мирослав Ѓоргиевски и Златко Крстевски освоија вредни признанија и награди на 21-от Интернационален фестивал на карикатура „Дикако 2012“ што се одржа во Јужна Кореја.
Блаже Докуле на фестивалот во Јужна Кореја учествувал со две карикатури на тема „Новиот еко-град“, третпат во континуитет освојува награда и е единствен карикатурист од овие простори кој успеал да обезбеди трикратно фестивалско одличје.
– Конкуренцијата во Јужна Кореја беше голема бидејќи учествуваа карикатуристи од 54 држави во светот. Творбите што ги испративме беа карикатури на зададена тема, и радосен сум што освоив награда. Бидејќи три пати едно по друго освојувам награда на „Дикако“, организаторите ме поканија и оваа година да учествувам на нивниот фестивал, вели Докуле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал