
Во скопската населба Ново Лисиче, на булеварот „Србија“ во близина на бензинската пумпа – каде веќе има градежна дупка пропадна земјата и ги повлече автомобилите кои беа паркирани, пишува порталот „МКД-њуз“. Полицијата веднаш пристигнала.

Се гледа како еден автомобил целосно пропаднал, а се надѕира дека дупката е преполна вода. Полицијата ги советува граѓаните да не се доближуваат, бидејќи е можно водата целосно да го повлече и другиот дел од паркингот.

Зад овие паравани има ископано огромна дупка за темели бидејќи во тек се градежни работи, најверојатно поради силното невреме и огромната количина вода дупката се преполнила и ја повлекува со себе и околната земја.
Полицијата ги повикува граѓаните кои ги знаат сопствениците на автомобилите веднаш да им јават за да ги тргнат од ова место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


