| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија пред седиштето на партијата на Асад: 53 загинати, над 230 повредени

53 загинаа, а повеќе од 230 луѓе се повредени во експлозија на автомобил бомба пред седиштето на партијата на Башар ал Асад во Дамаск, јавуваат светските агенции.

Експлозијата се случила во непосредна близина на руската амбасада, но според извештаите нема повредени од персоналот, ниту пак е регистрирана штета на објектот. Најголем дел од жртвите биле цивили,а за сега не е познато кој стои зад нападите. Бунтовниците се оградуваат од нападот.

Според сириската организација за човекови права сместена во Лондон, бомбата експлодирала пред воен пункт пред седиштето на партијата Баат во елитен кварт во чие соседство живее немуслиманско население.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top