| четврток, 6 декември 2018 |

Нико Розберг со втора победа по ред во Монте Карло

Пилотот на Мерцедес во Формула 1 германецот Нико Розберг победи на денешната трка за големата награда на Монако возена низ улиците на Монте Карло. Со оваа победа Розберг го презема водството во генералниот пласман пред тимскиот колега Луис Хамилтон со четири бодови предност. Хамилтон денешната трка ја заврши на второто место со девет секунди заостанување.

Monaco Formula One Grand Prix

На третото место се пласираше возачот на Ред Бул Даниел Рикардо кој во финишот му се доближи на Хамилтон, но немаше сили да ја преземе второто место. Актуелниот шампион Себастијан Фетел имаше нов пех денеска. Се откажа од трката поради проблеми со електрониката на болидот.

Пласман:

1. Нико Розберг (Мерцедес)
2. Луис Хамилтон (Мерцедес)
3. Даниел Рикардо (Ред бул)
4. Фернандо Алонсо (Ферари)
5. Нико Хулкенберг (Форс Индиja)
6. Џенсон Батон (Мекларен)
7. Фелипе Маса (Вилијамс)
8. Жил Бјанки (Марусија)
9. Ромен Грожан (Лотус)
10.Кевин Магнусен (Мекларен)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top