| четврток, 6 декември 2018 |

Турција: Два земјотреси за девет минути ја стресоа земјата

g_zemjotres-skala

Два земјотреси со интензитет од 4,8 степени и 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија Турција денеска попладне во период од девет минути, јавија турските медиуми.

Владината Дирекција за управување со несреќи и вонредни ситуации соопшти дека првиот земјотрес се случил во 14:38 часот по локално време во регионот на Саровскиот Залив во Егејското Море на длабочина од 20,7 километри.

Во 14:47 минути по локално време е регистриран нов земјотрес со интензитет од 4,5 степени, а неговиот епицентар бил во водите покрај градот Еџерабат, во округот Чанаккале.

Земјотресите се почувствувани од жителите во неколку турски окрузи. Во Чанаккале некои граѓани ги напуштиле своите домови и канцелариите и излегле надвор.

Земјотрес со интензитет од 6,5 степени го погоди вчера регионот на Егејското Море и тој беше почувствуван во Грција, Турција, Бугарија, Македонија и јужна Србија. Над 260 лица во Турција и едно во Грција се повредени во вчерашниот земјотрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top