Хрватскиот тренер Мирослав Блажевиќ ја поддржа српската иницијатива за хуманитарен натпревар меѓу фудбалерите од просторите на поранешна Југославија и остатокот на светот.
Како што објави А1он, паричните средства собрани од оваа манифестација ќе бидат наменети за подрачјата во БиХ, Србија и Хрватска погодени од поплавите.
„Ако е иницијативата сериозна, можат да сметаат на мојата помош. Мислам дека ова е добра прилика за таква средба, фудбалерите се хумани луѓе. Нема фудбалер кој не би ја прифатил поканата“, рече Блажевиќ.
Сличен дуел е организиран во Скопје, пред половина век, кога градот беше разурнат од катастрофалниот земјотрес. Средствата беа употребени за обнова на главниот град на Македонија.
Идејата е и овој натпревар да се игра во Скопје, со што би се одбележила годишнината, а постои можност и да се играат три натпревари, по еден во секоја од земјите кои беа погодени од поплавите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со Дарко Панчев во стартниот состав: Пред точно 26 години, Југославија се прости од фудбалската сцена
-
Тајни белешки на ФБИ ја обелоденија вистината за Тито – конечно откриено кој ја водел Југославија
-
„Трст, Југославија“: Снимен докуметарец за златното доба на шопинг-меката во 60-те и 70-те години
-
Генерал на НАТО: Бомбардирањето на Југославија слично на нападот врз Нагасаки