Италијанскиот новинар Андреа Рокели бил убиен вчера во минофрлачки напад во близина на украинскиот град Славјанск, бастион на проруските сепаратисти, соопшти италијанското МНР.
-За жал сите податоци со кои располагаме, покажуваат дека тој починал. Очекуваме само втора потврда, препознавање на телото, изјави портпарол на Министерството.
Повикувајќи се на повредениот француски фоторепортер Вилијам Рогелон, дел од западните медиуми објавија синоќа дека ранети во нападот биле и италијански репортер и еден преведувач. Се уште не се знае дали се живи.
Според Рогелон, тројцата пристигнале на линијата на фронтот јужно од Славјанск и сакале да излезат од возилото, кога западнале под минофрлачки напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина