| четврток, 6 декември 2018 |

Мице Јанкуловски: Водечка сила ми е интуицијата

На аук­ци­ја во Њу­јорк од Ру­ски арт са­лон имав­ме ку­пе­но две плат­на од Ма­ле­вич и Су­тин, за кои по­тоа се утвр­ди де­ка се фал­си­фи­ка­ти. Од Лон­дон, пак, ку­пив­ме де­ла од Кит Ха­ринг и од Рој Лих­тен­штајн, кои во­оп­што не ги ис­пра­ти­ја. Се раз­би­ра, овие слу­чаи се при­ја­ве­ни пре­ку МВР во Ин­тер­пол, ве­ли Јан­ку­лов­ски

Ма­ке­дон­ска­та јав­ност Ве знае ка­ко ли­ко­вен умет­ник, сопс­тве­ник на „Остен“, кој вло­жи огро­мен труд и средс­тва за да ја во­зоб­но­ви Га­ле­ри­ја­та на ка­ри­ка­ту­ри, но и ко­лек­ци­о­нер на умет­нич­ки де­ла. Што од се­то ова најм­но­гу Ве ис­пол­ну­ва? Ка­де најм­но­гу се на­о­ѓа­те?

Јанкуловски: Се­ко­ја актив­ност што се пра­ви со љу­бов ис­пол­ну­ва и се­ко­ја има сво­ја уба­ви­на. Со умет­ност поч­нав да се за­ни­ма­вам мно­гу одам­на, од 14-15 го­ди­ни и от­то­гаш сум по­сто­ја­но во не­кој кре­а­ти­вен про­цес. Да­ли е тоа сли­ка­ње, ка­ри­ка­ту­ра, ко­лек­ци­о­нерс­тво или ме­на­џи­ра­ње на „Остен“ – актив­но­сти­те се преп­ле­ту­ва­ат, на­до­пол­ну­ва­ат и се­ко­гаш ми тре­ба по­долг ден за да го на­пра­вам тоа што сум го за­мис­лил. Кај ме­не во­деч­ка си­ла е ин­ту­и­ци­ја­та, јас ја пре­поз­на­вам, ја сле­дам и за­тоа мо­жам да ка­жам де­ка се­ко­гаш се на­о­ѓам ток­му та­му ка­де што сум во мо­мен­тот – умет­ник, ка­ри­ка­ту­рист, ко­лек­ци­о­нер или ме­на­џер.

Де­но­ви­ве во га­ле­ри­ја­та „Остен“ е по­ста­ве­на из­лож­ба на цр­те­жи и на скулп­ту­ри од Сал­ва­дор Да­ли. Ка­же­те ни ка­кви и кои де­ла ги со­др­жи из­лож­ба­та, а со ог­лед на тоа де­ка ста­ну­ва збор за умет­нич­ки де­ла што се во ва­ша сопс­тве­ност, те­шко ли е да се дој­де до де­ла со пот­пис од го­ле­ми умет­ни­ци?

Јанкуловски: Отво­ра­ње­то на из­лож­ба­та „Сал­ва­дор Да­ли – гра­фи­ки и скулп­ту­ри“ е еден од тие мо­мен­ти ко­га на по­вр­ши­на из­ле­гу­ва­ат ре­зул­та­ти­те од дол­го­го­диш­на­та по­све­те­ност и ста­ну­ва­ат оправ­ду­ва­ње и мо­тив да про­дол­жиш по­на­та­му. На из­лож­ба­та има­ше пре­ку 2.500 по­се­ти­те­ли, мно­гу од нив мла­ди, што осо­бе­но ми е дра­го. Беа прет­ста­ве­ни де­ла од Сал­ва­дор Да­ли од ко­лек­ци­ја­та на „Остен“ – 14 гра­фи­ки (рач­но пот­пи­ша­ни), еден цр­теж, две скулп­ту­ри и шест ди­зај­ни­ра­ни ке­ра­мич­ки плоч­ки.

Со мож­но­сти­те што ги ну­ди гло­бал­ни­от па­зар во­оп­што, а во овој слу­чај па­за­рот на умет­ност, има мож­ност да се дој­де до де­ла на го­ле­ми умет­ни­ци, но не е лес­но. Ту­ка вла­де­ат дру­ги пра­ви­ла, кои тре­ба да ги осоз­на­еш и да ги при­ме­ну­ваш за да дој­деш до ра­бо­ти­те што те ин­те­ре­си­ра­ат, а по це­ни што мо­жеш да си ги доз­во­лиш. Тре­ба го­ле­ма по­све­те­ност, кон­цен­тра­ци­ја и сле­де­ње за да мо­же да се дој­де до са­ка­ни­от ре­зул­тат.

Уште ми е по­дра­го ко­га са­ми­те умет­ни­ци ќе ја пре­поз­на­ат иде­ја­та, па се вклу­чу­ва­ат со оста­ва­ње де­ла во ко­лек­ци­ја­та на „Остен“ во вид на ле­га­ти. Не­кол­ку поз­на­ти умет­ни­ци ве­ќе го има­ат на­пра­ве­но тоа, ка­ко на при­мер Ва­ско Та­шков­ски (35 де­ла), Гли­гор Че­мер­ски (50 де­ла), Пав­ле Куз­ма­нов­ски (170 де­ла), Ни­че Ва­си­лев (со око­лу 120 де­ла), ка­ко и Вла­ди­мир Ве­лич­ко­виќ (Ср­би­ја/Фран­ци­ја) со око­лу 50 де­ла, Јо­же Ци­у­ха (Сло­ве­ни­ја) со око­лу 250 де­ла, итн.

Исто та­ка, са­мо­то Би­е­на­ле на цр­теж – Свет­ска га­ле­ри­ја на цр­теж соз­да­ва мож­но­сти во ко­лек­ци­ја­та на „Остен“ да дој­дат ме­ѓу 500 и 700 де­ла го­диш­но од умет­ни­ци од це­ли­от свет.

Ка­ко љу­би­тел на умет­но­ста во Ва­ша­та ко­лек­ци­ја се и де­ла од ре­но­ми­ра­ни авто­ри ка­ко Пи­ка­со, Ван­гел На­у­мов­ски… Да­ли е ре­ги­стри­ра­на Ва­ша­та збир­ка и ка­ко ги за­шти­ту­ва­те умет­нич­ки­те де­ла?

Јанкуловски: Ко­лек­ци­ја­та, ко­ја ја со­би­рав со го­ди­ни (30-40 го­ди­ни), бе­ше ос­но­ва за фор­ми­ра­ње­то на ко­лек­ци­ја­та на „Остен“, ко­ја про­дол­жи да се над­гра­ду­ва по по­ве­ќе ос­но­ви. Пос­лед­ни­ве го­ди­ни, во „Остен“ ин­тен­зив­но ра­бо­ти­ме на соз­да­ва­ње ус­ло­ви за про­фе­си­о­нал­но чу­ва­ње на де­ла­та. Тоа по­драз­би­ра нив­но фи­зич­ко сме­сту­ва­ње, еви­ден­ти­ра­ње и ар­хи­ви­ра­ње. Има­ме по­себ­но ди­зај­ни­ра­на ба­за на по­да­то­ци за еви­ден­ци­ја, ко­ја се ажу­ри­ра на днев­на ба­за, а за што по­со­од­вет­на за­шти­та, де­ла­та се чу­ва­ат во про­стор со по­себ­ни ус­ло­ви (апа­рат за одр­жу­ва­ње влаж­ност на воз­ду­хот и сл.).

Со ог­лед на тоа де­ка и во тој дел од све­тот на умет­но­ста по­сто­јат из­ма­ми, сте на­иш­ле ли не­кој­пат на фал­си­фи­ка­ти? Ка­ко из­ле­гу­ва­те на крај со про­це­на­та на ори­ги­нал­но­ста на де­ла­та?

Јанкуловски: Ко­га ста­ну­ва­те дел од гло­бал­ни­от па­зар, исто­вре­ме­но сте из­ло­же­ни на гло­ба­лен ри­зик. Би­деј­ќи са­ми­от про­цес на ку­пу­ва­ње се од­ви­ва пре­ку аук­ции на кои учес­тву­ва­ме од да­ле­чи­на (те­ле­фон­ски или он­лајн), ка­де што пр­во се пла­ќа, а по­тоа се до­би­ва­ат де­ла­та, има мож­ност за из­ма­ма. На при­мер, на аук­ци­ја во Њу­јорк од Ру­ски арт са­лон имав­ме ку­пе­но две плат­на од Ма­ле­вич и Су­тин, за кои по­тоа се утвр­ди де­ка се фал­си­фи­ка­ти. Од Лон­дон, пак, ку­пив­ме де­ла од Кит Ха­ринг и од Рој Лих­тен­штајн, кои во­оп­што не ги ис­пра­ти­ја. Се раз­би­ра, овие слу­чаи се при­ја­ве­ни пре­ку МВР во Ин­тер­пол.

Со тек на вре­ме се здо­би­ва до­вер­ба кај про­ве­ре­ни и ре­но­ми­ра­ни про­да­ва­чи со кои се со­ра­бо­ту­ва со до­вер­ба и со за­до­волс­тво, но, се­ка­ко, по­стои ри­зик, ка­ко, впро­чем, и во се­ко­ја ра­бо­та и во сѐ во жи­во­тот.

 

Разговараше: Невена Поповска | Фото: Александар Ивановски
(Интервјуто со Мице Јанкуловски е објавено во 89. број на неделникот Република, 16.05.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top