Бенефитот од имплементирањето на електронските услуги на ФЗОМ, истакна директорката, е огромен и претставува вистинско олеснување, како за осигурениците и матичните лекари, така и за здравствените установи, но и за фирмите.
Парнарџиева Змејкова додаде дека ФЗОМ со својот електронски систем овозможува повеќе од 30 е-услуги за осигурениците, здравствените установи и фирмите, а Фондот за една година има заштеда од 550.000 евра додека фирмите, здравствените установи и осигурениците се поштедени од 30.000 посети во ФЗОМ со годишно ниво на заштеда во бензин од 1,8 милиони евра.
Советувањето е во организација на Здружението на правници од здравството на Република Македонија и на него покрај правници, директори на здравствени установи, економисти, доктори, административни работници членови на синдикати, членови на управни одбори, членови на комисии на јавни набавки и други заинтересирани лица, учествуваат и стручни лица од Фондот за здравствено осигурување на Македонија кои ги презентираат новините во медицинската рехабилитација како и продолженото болничко лекување и олеснувањата во начинот на упатување на пациентите на повисоко ниво на здравствена заштита.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Панчо лут по приемот на Инфективна: Ако немаш врски на лекар, Господ нека ти е на помош!
-
Лекарите се налутија: Не го прифаќаат зголемувањето од 5 отсто