Претставниците на Центарот за деминирање од Хрватска БиХ и Србија се договорија денеска секојдневно да разменуваат информации за состојбата на минските подрачја додека не се смири ситуацијата по поплавите кои ги погодија трите држави.
-Елементарната непогода нема граници и мините не познаваат граници, рече по состанокот директорот на Хрватскиот центар за деминирање Дражен Јакопец.
Тој најави дека на подрачјата кои се погодени од поплавите штом се создадат услови ќе почнат со повторно обележување на минските сомнителни подрачја.
Директорот за Центарот за деминирање на Србија Бранислав Јовановиќ рече дека иако Србија нема минско-сомнителни подрачја, постои голема опасност од тоа минско-експлозивните направи да допливаат со Сава и да го загрозат населението кое живее покрај Сава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.