| четврток, 6 декември 2018 |

Град Скопје донесе одлука: прошетка со електромобил низ градот за 50 денари

Туристичка прошетка низ Скопје може да се прави со електромобили! Цената за билетот за ова уживање ќе чини само 50 денари, одлучи Советот на Градот Скопје. Електромобилите, кои ќе служат за туристички прошетки, веќе се пристигнати. Со нив ќе може да ги видите сите убавини од Порта Македонија, по улица Македонија до Стара железничка станица преку Камени мост и преку мостот „Око“. Возилата ќе имаат и обучен водач кој ќе биде и туристички водич.

Едно возило чини 11.420 евра. Електромобилите ќе сообраќаат секој ден од 10 до 19 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top