| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците го кажаа своето – „не“ во ЕУ и во НАТО со промена на името!

скопје

Институтот за демократија СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС Скопје излезе со резултатите од истражувањето за тоа колку на Македонците им е важен влезот на Македонија во НАТО и во ЕУ со променeто име.

Имено, над 77 отсто од етничките Македонци се за влез во ЕУ и во НАТО, но без никакви отстапки за името. Од друга страна, кај албанското малцинство 75 отсто од испитаниците се изјасниле дека се за членство во европското семејство, но не им е важно дали ќе има отстапки од страна на македонската страна во наметнатиот спор со Грција.

Од друга страна, повеќе од половината од испитаниците во истражувањето сметаат дека Македонија во овој момент не е подготвена за влез во ЕУ.

За 55 насто од етничките Македонци главната причина поради која Македонија не е дел од европското семејство е дека соседните држави го попречуваат влезот, а наспроти тоа за 48 насто од етничките Албанци е неостварувањето на домашните реформи.

Истражувањето е спроведено во март на примерок од 1.600 испитаници, а се испитувани ставовите за три поголеми теми – судир на интереси и корупција, оцена за работата на општинските институции и перцепции за евроинтеграцијата на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top