| четврток, 6 декември 2018 |

И утре сончево и топло време

sonce

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб јужен ветер. Температурата ќе се движи од 22 до 30 степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево. Ќе дува слаб јужен ветер. Температурата ќе достигне до 29 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, но во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top